Средба Хојт Ји - Талат Џафери

Присуството на американскиот заменик-помошник државен секретар за Европа и Евроазија Хојт Брајан Ји уште еднаш ја потврди поддршката што САД ја пружаат за изборот на претседател на Собранието и за поддршката во натамошните наши чекори во смисла на враќање на стабилноста и функционалноста на Собранието и другите институции, изјави денеска Талат Џафери, кого СДСМ, ДУИ и другите коалициски партнери во четвртокот го избраа за претседател на Собранието, додека ВМРО-ДПМНЕ и коалициските партнери сметаат дека тој е нелегитимен.
- Првпат по трагичните настани од 27 април овде во просториите на Собранието имам можност во својство на претседател на Собранието на РМ да ви се обратам и да ве информирам дека остварив една од првите мои официјални средби со официјален меѓународен претставник, високиот претставник од САД господинот Ји. Разменивме доста разговори по однос на потребата стабилноста и делувањето инстутиционално на Собранието да се врати во функција и што побргу сите да ги заборавиме последиците од 27 април, рече Џафери.
Тој уверува дека како претседател на Собранието ќе се потруди да биде, како што кажа, претседател на сите пратеници во Собранието без оглед на нивната политичка или етничка припадност и без оглед како се изјасниле во однос на неговиот избор.
- Во тој контекст од утре понатаму ќе се обидам да ја ставам во функција работата на Собранието без оглед на последиците што се видливи и денеска, рече Џафери.
Запрашан како ќе свика седница и ќе го стави во функција Собранието, Џафери рече дека како претседател на Собранието ќе постапи „согласно надлежностите што ги има во деловникот“.
Изрази надеж дека пратениците, новинарите и граѓаните што беа повредени вечерта на 27 април што побргу ќе се опорават, ќе се вратат на нивните семејства и на нивните ангажмани.
Ново на Сител
-

Сообраќајка помеѓу два електрични тротинети во Скопје управувани од 62-годишна жена и малолетник
-

Куманово: Тешко повреден малолетник во сообраќајка
-

ФЕД го назначија Пауел за привремен претседател се додека Ворш не положи заклетва
-

На досегашниот началник на белградската полиција му е одреден 30-дневен притвор
-

Хигиеничар во основно училиште во беровско село снимал ученици со мобилен телефон
-

Ѓорѓиевски: После 30 години решени имотно-правните односи, се довршува булеварот „Борис Трајковски“ кон Драчево, Зелениково, Студеничани...
-

Путин во официјална посета на Кина на 19 и 20 мај
-

Претседателот Абас во писмо до ОН бара повлекување на Израел од Газа и формирање палестинска држава
