Македонија
11. February 2026 - 14:50

Средба Ѓорѓиевски - Канел: Нов импулс за соработка во образованието, културата и локалниот економски развој

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска оствари работна средба со амбасадорката на Кралството Холандија, Озлем Канел, што претставува уште еден чекор кон јакнење на традиционално добрите и пријателски односи меѓу институциите. 

На средбата, како што соопшти прес-службата на Град Скопје, биле разменети ставови и идеи за продлабочување на соработката преку заеднички проекти, со фокус на образованието, културата, локалниот економски развој и креативните индустрии. 

Двете страни ја истакнале важноста на партнерскиот пристап, иновативните решенија и долгорочната визија, како основа за одржливи политики и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните, при што беше изразена подготвеност за реализација на нови заеднички иницијативи од заемен интерес.

МИА