Србин во Париз 7 години го сокривал трупот на својата почината мајка за да добива нејзината пензија
Еден 47-годишен маж со српско потекло бил уапсен во вторникот во Париз, откако се пријавил во полиција дека го сокривал трупот на својата мајка за да продолжи да ја добива нејизната пензија, јави дописникот на МИА.
Како што објави денеска весникот „Ле Паризиен“, во вторникот околу 7:30 часот, човекот отишол во полициска станица за да ја открие својата страшна тајна. Тој на полицаец му рекол дека неговата мајка починала во 2014 година, на 75-годишна возраст, во станот во 20-тиот арондисман, каде што живеела сама. Тој прецизира дека боледувала од рак и дека ќе умрела како резултат на оваа болест.
Во бањата од станот полицијата го открила мумифицираното тело на мајката, сместено во во куфер покриен со церада. Тој користел и пена за прикривање на непијатниот мирис.
Аутопсијата спроведена во средата, на 2 јуни, во форензичкиот институт во Париз, не открила траги од насилство, со што се исклучила тезата за намерно убиство. Според „Ле Паризиен“, полицијата верува дека човекот решил да ја открие својата тајна затоа што било наредено ислеување од станот и дека не знаел што да прави со мумијата.
Ново на Сител
-
Панел-дискусија по повод една година Влада „Ги градиме темелите на промените. За твоето време кое доаѓа“
-
Таткото на Васил Јованов ќе се гони за поблаго кривично дело
-
Голем број лица гинат во сообраќајни несреќи
-
Религијата мора повеќе да се вклучи во решавањето на светските конфликти, а не преку неа да се разгоруваат војните
-
Преглед на вестите од светот
-
Една година Влада - отчет на премиерот Мицкоски
-
Бугарија го спори извештајот на ЕП за Македонија, Георгиев вели дека нема тежина
-
Тема на денот со Илија Димовски, поранешен пратеник