Србија/Локални избори: Почна предизборниот молк

Предизборниот молк пред локалните избори во Србија почна на полноќ и ќе трае до затворањето на гласачките места на 2 јуни во 20 часот.
Во тој период, на медиумите и на јавните собири им е забрането да презентираат кандидати и партиски програми, да повикуваат гласачи како да гласаат како и да објавуваат проценки за изборните резултати.
Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ, на крајот на април распиша избори за 2 јуни во 66 единици на локалната самоуправа, на истиот ден кога ќе се одржат изборите за советници во градското собрание на Белград, како и за градските општини.
В недела, на 2 јуни, повеќе од 4,2 милиони граѓани на Србија ќе избираат советници на локалните избори во 88 градови и општини. Граѓаните ќе избираат од 14 изборни листи.
Локалните избори ќе се одржат во оние општини каде што не се гласаше во декември 2023 година. Ова гласање се одвива по измените на Законот за локални избори и на Законот за единствен избирачки список.
Претходните локални избори во повеќето од тие места се одржаа во 2020 година, заедно со парламентарните и покраинските избори, под специфичните услови во пандемијата на коронавирусот.
Ново на Сител
-

Тошковски: Целта на „Безбеден град“ не е да казнува, туку да спаси човечки животи
-

Кузмановски: Мора да бидеме задоволни, иако посакувавме повисока победа
-

Со звукот на сирената Македонија ја совлада Романија на ЕП
-

Јанукович осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште
-

Македонските ракометари со предност од четири голови разлика на полувреме против Романците
-

Продолжи судењето против таткото на Васил Јованов, одбраната со забелешки за изведувањето на доказите
-

Пронајден возачот кој се снима како вози 293 км/ч и се фали на социјалните мрежи
-

Утре облачно со повремени локални врнежи од снег
