Србија заостанува зад другите кандидати за членство во ЕУ, тврди данската министерка за надворешни работи

Данската министерка за европски прашања, Мари Бјере, чија држава денеска го презеде ротирачкото претседателство со Советот на Европската унија, изјави дека Србија заостанува зад другите кандидати за членство во ЕУ во спроведувањето на реформите и усогласувањето со надворешната политика на Унијата кон Русија.
Бјере во изјава за РТС нагласи дека напредокот во реформите во Србија е „прилично спор“ во споредба со другите кандидати.
„Се надеваме дека ќе можеме да го отвориме Кластер 3, но треба да видиме повеќе резултати отколку досега“, рече Бјере.
Таа додаде дека, во сегашните геополитички околности, почитувањето на европската надворешна политика кон Русија е исклучително важно и дека целосното почитување би било јасен знак за посветеноста на Србија кон членството во ЕУ.
Бјере изјави дека пораката на данското претседателство до Белград е дека „вратата на ЕУ останува отворена“, но дека напредокот ќе се мери со конкретни реформи и јасна посветеност на европските вредности и политика.
„Проширувањето ќе биде еден од нашите приоритети. Во светот што се менува, со руската агресија во Украина и неизвесноста околу трансатлантските односи, поголема ЕУ значи посилна ЕУ“, додаде таа.
Бјере додаде дека го гледа проширувањето на ЕУ низ призмата на безбедноста, како и дека геополитичките околности јасно диктираат да се постигне напредок во преговорите со земјите-кандидатки.
„Се надевам дека за време на претседателството ќе можеме да ги преземеме следните чекори кон членство со некои од земјите-кандидатки. Секако, тие мора да покажат резултати, бидејќи ЕУ нема да биде посилна ако новите членки не ги исполнуваат критериумите во основните вредности на владеењето на правото и демократијата“.
Министерката оцени дека Украина и Молдавија постигнуваат огромен напредок во преговорите, додека на Западен Балкан, Црна Гора и Албанија го водат патот во реформите.
Ново на Сител
-

Teма на денот со Стојанче Ангелов
-

Експертите сугерираат: Да не се кратат капиталните расходи, да се зголеми наплатата на приходи
-

Проф. Атанасовски: Тоа не се коски на цар Самуил, па глупост е дека тој се враќа во Бугарија, кога таму никогаш и не бил
-

МПЦ слави празник на сите македонски светители и 40 години јубилеј од Архиерејската служба на поглаварот г.г Стефан
-

„Розев пикник појадок“ за кревање на свеста за ракот на дојка
-

Постојаните осцилации на езерото негативни за живиот свет
-

165 шумски пожари годинава, штетите проценети на 10 милиони евра
-

Каранфилова Пановска: Бараме дополнителни 10 денари за килограм ориз
