-->
-->
Србија воведе полициски час
-->
-Не успеавме да обезбедиме соодветна дисциплина, владата донесе одлука, која е непопуларна за заштита на здравјето на луѓето.
Од сабајле во 10.00 во сите урбани средини апсолутно е забранет излез за луѓе постари од 65 години, а за помалите места, забрана за сите постари од 70 години.
Засега три градови се погодени: Белград, Кикинда и Ниш се најпогодени, Чачак помалку, соопшти претседателот на Србија Александар Вучиќ по вечерашната седница на владата, на која се донесени заострени мерки за борба против корона вирусот.
Ќе се отворат од 4 до 7 сите супермаркети само за постари лица, со сите заштитни маски и ракавици да можат да купат се што им е потребно.
Сите останати, од утре од 20 часот до 5 наутро, забрана за движење на сите лица, никој не може да биде на улица, освен надлежните органи и оние кои работат во трета смена.
Војската ја презема конттолата на сите гранични премини, врз сите мигрантски кампови и сите болници во државата, соопшти Вучиќ.
35.800 српски државјани се вратиле за еден ден, над 45.000 за ден ипол, соопшти Вучиќ. Од над 7.000 контролирани, дома не се најдени над 80% во самоизолација.
Изборите се одложуваат, изборните активности се прекинуваат. Датумот на изборите ќе се договори кога Србија ќе се избори со корона вирусот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар