-->
-->
Србија светски првак во ватерполо
-->
Репрезентацијата на Србија е новиот светски првак во ватерполо откако синоќа во финалето на СП во Казањ ја победи Хрватска со 11:4 (2:2, 3:0, 2:2 и 4:0). Освен во почетните минути кога Хрватска имаше водство, во останатиот дел од дуелот доминираа ватерполистите на Србија, кои сосема заслужено го освоија златниот медал.
Притоа во трите натпревари од нок аут фазата убедливо ги победија своите ривали: четвртфинале САД 12:7, полуфинале Италија 10:6 и финале Хрватска 11:4.
Во дуелот за трето место и бронзениот медал Грција ја победи Италија со 11:9 на пенали (7:7).
Пласман на Олимписките игри во Рио 2016 изборија од овој шампионат Хрватска и Грција, бидејќи Србија претходно како победник на Светската лига се квалификува за Рио. Покрај овие три селекции учество имаат обезбедено и САД (победник на Пан Пацифик игрите) и Бразил како домаќин.
За најдобар играч на шампионатот беше проглесен Душко Пјетловиќ од Србија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ивица Боцевски
-
„Шопен под отворено небо“ во Градскиот парк
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори
-
Мицотакис бара почитување на Преспанскиот договор
-
Тројца министри за здравство стануваат пратеници