Србија со над 30 отсто вакцинирани жители, за колективен имунитет потребни се 70 отсто имунизирани
Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, изјави синоќа за РТС дека е надминат бројот од 30 отсто на полнолетни граѓани во Србија кои се вакцинирани, како и дека вчера бил првиот ден по долго време кога имало повеќе отпуштања отколку приеми во ковид болниците, јави дописникот на МИА од Белград.
Брнабиќ посочи дека, откако претседателот Александар Вучиќ е вакциниран, повторно започнал неверојатен интерес за вакцините во Србија, односно повеќе од 80.000 граѓани биле вакцинирани за еден ден.
Епидемиологот Бранислав Тиодоровиќ денеска изјави дека е потребно, за да се врати Србија во нормален живот, да се спроведе помасовна вакцинација во најкус можен рок и дека би било идеално да се вакцинираат три до три и пол милиони луѓе во следните два месеца, со што би се стекнале услови за колективен имунитет.
– Би било добро да се намали бројот на заразени на двоцифрен број, но далеку сме од тоа, изјави Тиодоровиќ.
Градоначалникот на Белград, Зоран Радојчиќ за РТС изјави дека бројката од 500.000 вакцинирани во Белград е фасцинантна и секое четврто лице ја има примено втората доза.
Павле Зелиќ од Агенцијата за лекови и медицински помагала порача дека граѓаните треба да имаат доверба во здравствените работници, со нив да се консултираат за вакцините и лековите и да не бараат едноставни одговори на други места, каде некој во еден пасус се обидува да го негира она што е кажано и што се наоѓа на илјадници (научни) страници.
Ново на Сител
-
Љупчо Палевски Палчо екстрадиран од Турција и сместен директно во Истражниот затвор во Шуто Оризари
-
Тема на денот со Горан Илијевски - Партија на Македонците во Србија
-
Атентат врз словачкиот премиер
-
Флекс кредит и СОС Детско Село заедно за Денот на семејството
-
Предизборниот и постизборниот период продуцира економска криза, сметаат економистите
-
Со нож и се заканија на претседателката на Уставен Кацарска
-
Запален службениот автомобил на директорот на Идризово- оштетена и блиската зграда
-
Уставен го одби барањето на судиите да го врати коефициентот за повисоки плати