Србија прва во Европа по број на заразени, а Македонија по број на починати од Ковид-19 за една недела
Во изминатите седум дена, Србија е прва во Европа и втора земја во светот според просечниот дневен број на нови инфекции со коронавирус на милион жители, според ourworldindata.org.
Според оваа веб страница, Србија има просечно 1.018 нови случаи по малата островска држава Гренада, со просечно 1.447 новозаразени дневно, пишува белградскиот весник „Данас“.
Црна Гора се наоѓа на трето место, Монголија на четврто и Доминиканска Република на петто. Во првите десет земји се и Израел, Суринам, Куба, Санта Лусија и Антигва и Барбуда.
Од европските земји веднаш по Србија на списокот се наоѓа Словенија, со просек од околу 500 нови случаи на инфекции на милион жители во изминатите седум дена, а потоа следува Велика Британија.
Според бројот на смртни случаи минатата седмица, Гренада е повторно на прво место во светот со 212 смртни случаи на милион жители, а во Европа прва е Северна Македонија со 96 починати лица, што е четврто место во светот.
Во Европа, според смртноста, по Македонија се Бугарија, БиХ и Косово, а Србија се наоѓа на 27. место во светот.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Карпалак е наша заедничка рана, но и наша обврска да паметиме
-

Охриѓанец на викенд отсуство од затвор ја нападнал својата мајка
-

Гостиварец со „јагуар“ прегазил осумгодишно девојче
-

Малолетник тешко повреден во сообраќајка помеѓу два мопеди
-

Кривична за полицаец кој малтретирал приведено лице во градски парк
-

Курти гаѓан со јајца – хаос во Собранието на Косово
-

Внимавајте: МВР и ROADPOL со засилени контроли на патиштата викендов | ВИДЕО
-

СВР Битола лиши од слобода две лица за подметнување пожари на отворен простор
