Србија побара екстрадиција на поранешниот припадник на УЧК Томор Морина
Српското Министерство за правда до Македонија поднело барање за екстрадиција на поранешниот припадник на УЧК Томор Морина, потврдија од министерството за новинската агенција Танјуг.
Морина беше уапсен минатата недела на граничниот премин Блаце, според налогот на Интерпол. Тој се бара во Србија под сомнение дека извршил воени злосторства против српски цивили на Косово. Српското обвинителство за воени злосторства ја води истрагата против него.
Покрај барањето за екстрадиција, Србија мора да достави и документи поврзани со случајот, додека македонското судство ќе донесе одлука дека се исполнети условите за екстрадиција.
Конечната одлука по барање на Србија ја носи македонското Министерство за правда.
Од друга страна, има бројни реакции за апсењето на Морина. Покрај косовските претставници, реакции имаше и од албанските политички партии во Скопје.
Но, македонскиот премиер Зоран Заев рече дека во овој случај ќе се почитува законот.
Ново на Сител
-
Претседателката Сиљановска Давкова ја прими гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска
-
Истражување: Една од три жени немаат пристап до менструални производи поради високата цена
-
Гаши: Ќе се погрижам да го подигнам нивото на Собранието, да биде во служба на сите граѓани
-
Џафери ќе ја извршува функцијата технички премиер до изборот на новата влада
-
Скопјанец го нападнал градоначалникот на општина Шуто Оризари, полицијата извршила службен разговор со него
-
Сиљановска Давкова: Ќе го почитувам Преспанскиот договор, но го задржувам правото на слобода на изразување
-
Кацарска ќе даде осврт за претседателскиот мандат во Уставен, до крајот на месецов ќе се знае нејзиниот наследник
-
Африм Гаши избран за претседател на Собранието