Србија планира диверзификација на нафтата преку изградба и поврзување со нафтоводот Дружба во Унгарија
Министерството за рударство и енергетика на Србија соопшти дека по усвојувањето на осмиот пакет санкции на ЕУ во кои земјите од Западен Балкан не се изземени од забраната за увоз на сурова нафта од Русија по морски пат, ги разгледува сите можности да се обезбеди диверзификација на полето на снабдување со сурова нафта, јави дописникот на МИА од Белград.
– За Србија да има сигурност во снабдувањето со сирова нафта која се преработува во рафинеријата Панчево и ги задоволува потребите на домашниот пазар, неопходно е да се има можност за набавка на нафта од повеќе правци. Министерството веќе ја предвиде оваа можност и во својот инвестициски план вклучи соодветни проекти кои вклучуваат изградба на нови нафтоводи, покрај постојниот Јадрански нафтовод (ЈАНАФ), се наведува во соопштението од Министерството за енергетика.
Планот е да се обезбеди диверзификација на снабдувањето со сурова нафта преку поврзување со нафтоводот „Дружба“. Како што се објаснува во соопштението, постојат две опции за приклучување на нафтоводот „Дружба“. Првата е изградба на нафтовод до Сегед, до Алџа. Трасата на тој нафтовод, кој би обезбедил делумен капацитет за снабдување на рафинеријата во Панчево, би била долга околу 128 километри, од кои 104 километри се на територијата на Србија, а проценетата вредност на инвестицијата е 83 милиони евра или 64 милиони за изградба на територијата на Србија.
Друга опција за приклучување на нафтоводот „Дружба“ кај Будимпешта е изградбата на нафтовод долг 400 километри од Нови Сад до Шазсаломбата, а проценетата вредност на инвестицијата е околу 240 милиони евра. Поврзувањето со нафтоводот „Дружба“ значи и можност пазарот во Србија и понатаму да може да купува само руска сурова нафта.
– Двете опции се анализираат и во согласност со ефикасноста и вредноста на инвестицијата, временските рамки и условите под кои може да се изврши диверзификација, очекуваме Владата на Србија да донесе соодветни одлуки за изградба на нов нафтовод. Капацитетот на нафтоводот би бил усогласен со преработувачкиот капацитет на домашната рафинерија во Панчево, посочуваат од Министерството за рударство и енергетика.
Нафтоводот „Дружба“ започнува во регионот Самара во Русија, поминува низ Брајанс и потоа се дели на северни и јужни цевководи, поминувајќи низ териториите на Белорусија, Украина, Полска, Германија, Чешка, Словачка, Унгарија, Латвија и Литванија, наведуваат од Министерството за енергетика.
Ново на Сител
-
ОЈО поведе истрага за пожарот во Трубарево
-
Муцунски во посета на САД, средба со конгресмени и сенатори
-
Протест со повик „Ниту една повеќе“
-
Тема на денот со Сузана Јошевска Анастасовска, адвокатка
-
Две години затвор за Лидија Димова, треба да врати над 350.000 евра на Националната агенција за европски образовни програми
-
Трубарево и Дрисла под контрола - учениците во четирите училиште в понеделник се враќаат на настава
-
Политички реакции за фемицидот во Велес
-
Стартуваа обуките за јавната администрација - премиерот најави департизација на јавниот сектор