Србија очекува Мичел да донесе нови американски предлози за Косово
Српскиот весник „Новости“ пишува дека САД подготвиле пакет предлози за односите на Србија и Косово, кој ќе биде претставен при посетата на американскиот помошник државен секретар Вес Мичел на регионот.
Според весникот, предлозите на Мичел содржат барање Србија да овозможи прием на Косово во меѓународните организации. За возврат, заедницата на четирите општини во Косово кои се со мнозинско српско население ќе добие широки овластувања во образованието, здравството и културата, а потпретседател на косовската Влада кој е Србин ќе има овластувања да го контролира функционирањето на оваа заедница. Србија ќе добие поддршка за прием во Европската унија, како и посериозна економска поддршка, пишува весникот.
„Новости“ пишува дека предлозите ќе бидат претставени пред српскиот претседател Александар Вучиќ, како најсилна политичка фигура во Србија, а евентуалното негово одбивање на предлогот би довело до блокада на српските евро-интеграции.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Уапсен врховниот судија Наке Георгиев фатен на дело со 10,000 евра мито
-
Приведен судија од Врховен суд за примање поткуп
-
Тема на денот со Срѓан Керим
-
Преговорите за Влада во напредна фаза, ВМРО-ДПМНЕ инсистира на квалитетни кадри од албанскиот партнер
-
Во среда прегласување на седум избирачки места, од полноќ изборен молк
-
Предупредувања од Европската Комисија за Преспанскиот договор
-
Владата не дава 100 евра по жител, пораките се лажни!