Србија: Два вагона-цистерни со фосфорна киселина се излизгаа во Зајечар
Два вагона-цистерни со фосфорна киселина денеска се излизгаа во Зајечар, но нема истекување ниту опасност по луѓето и околината, соопштија од компанијата „Србија Карго“.
Лизгањето на осмата и деветтата цистерна се случи во 08:40 часот на четвртата пруга, во станицата Зајечар.
„Немаше истекување, нема испарувања и нема опасност по животите на луѓето или животната средина“, се наведува во соопштението.
Во товарната композиција имало 12 вагони-цистерни, кои се во сопственост на компанијата „Еликсир“ и патувале од Прахов до Шабац.
Заедничка железничка комисија за истрага на вонредни настани на Железничката инфраструктура на Србија и Србија Карго е на терен и ќе ги утврдува причините за несреќата.
Сообраќајот на патнички и товарни возови на станицата Зајечар не е во прекин, се додава во соопштението.
Ново на Сител
-

Мисајловски: Ги цениме германската поддршка и партнерство во развојот на нашата Армија
-

ЦУК: Активен пожар во кичевското село Србица, пожарот во селото Бајково во општина Ново Село под контрола
-

Се претставил како службеник во државна институција и измамил лице за сума од 28.700 евра
-

75-годишна жена и нејзиниот малолетен внук физички нападнати од нејзината ќерка
-

Николоски: Имаме решение за патот за Теферич, Владата ќе го води проектот
-

Внимавајте на грчките плажи: 250 евра казна ако немате спасувачки елек на SUP даска
-

Николоски: Проблемот на професионалните возачи го решаваме самостојно, веќе се издаваат долгорочни работни визи
-

Новиот закон овозможува државни и приватни дата центри, вели Николоски
