Србија: Алармантно зголемен бројт на деца заболени од малигни болести

Во Србија во изминатите две до три години регистриран е пораст на малигните болести кај деца, изјави директорот на Центарот за педијатрија и шеф на Хематолошката дневна болница при Универзитетската детска клиника во Белград, Дејан Шкориќ.
Во 2000 година во просек имало околу 200 нови случаи на годишно ниво, додека во 2013 и 2014 година таа цифра достигнала – 350 годишно.
– Тешко е да се одговори што е причината за тоа, но малигните болести кај деца се ретки за разлика од возрасните каде во Србија на годишно ниво има оклу 30.000 заболени, вели Шкориќ за Данас.
Тој додава дека постојат многу причини, а една од нив би можела да биде и НАТО бомбардирањето во 1999 година кога на територијата на Србија се фрлени околу 45 тони осиромашен ураниум.
– Освен јонизирачкото зрачење, на кое сме сите исложени, канцерогени агенси се наоѓаат во храната, водата што ја пиеме, воздухот и кај генетски предиспонирани деца може да придонесат за развој на малигни болести, вели Шкориќ.
Ново на Сител
-

Цената на суровата нафта би можела да падне на 70 долари за барел
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-

Сиљановска Давкова и Муцунски на дигитален форум во Анталија
-

За Стафа 15 месеци затвор - за Ристов обвинение
-

Судење за оддавање службени тајни, објавена комуникација меѓу обвинетите
-

Обвинетиот Јовановски физички ја нападнал сопругата пред таа да се самоубие, тврди дека бил испровоциран
-

Филипче со писмо до Брисел против Мицкоски
-

Владата ги следи цените: Засега нема вештачки поскапувања
