Срамота, претседателе, ова не ти требаше: Заев може да мавта со „победничката листа“, но не и да победи
Незадоволство, револт и разочараност на секој чекор. Не само што го исмеаја новинарите блиски на неговата партија, неговите гласни поддржувачи, не само што го разочара членството, особено довчерашните пратеници Софија Куновска и Горан Сугарески, кој беше и координатор на пратеничката група во Собранието, Заев ги разочара и гласачите, симпатизерите на СДСМ.
Бркајќи ги албанските гласови, удоволувајќи им на платеничките револуционери, затскривајќи се зад граѓанскиот сектор, зад различните, зелените, Заев и СДСМ останаа без гласачко тело. Вистинска мистерија е за каде ги подготвуваше „победничките листи“ и како планира да победи со нив, пишува Република.
По револтот на граѓаните може да се заклучи дека од денеска до 11 декември може само да мавта со „победничките листи“, но не и да победи.
Ново на Сител
-
СПМ: Македонскиот идентитет и јазик се реалност, не треба да биде предмет на оценки и дебати
-
21-годишник со мотоцикл удрил пешак во Велес и побегнал
-
ВМРО-ДПМНЕ: За разлика од порано, сега се реагира веднаш за пожарите
-
Допуштал осуденици да си одат дома и на приватни локации - обвинение за поранешниот директор на Шутка, Филип Андонов
-
Од 902 сообраќајни прекршоци вчера, 148 без возачка дозвола
-
Сиљановска Давкова нема да предложи нов член на Судскиот совет, ќе го почека носењето на новиот закон
-
Два полициски хеликоптери го гасат пожарот кај Чучер-Сандево, досега исфрлени преку 70 тони вода
-
Фрлени палети намачкани со бензин, некој сакал да го реактивира пожарот кај Чучер-Сандево | ВИДЕО