-->
-->
Спроведени се само 30 отсто од мерките за справување со аерозагадувањето
-->

Спроведени се само 30 отсто од мерките предвидени за годинава за справување со аерозагадувањето покажува истражувањето на здружението Еко-свест.
Оттаму велат дека треба да се намали потребата од електрична и топлинска енергија, а клучот за тоа е децентрализираното производство.
Се уште голем проблем се оние државни објекти кои се грејат на мазут и на дрва, но според заменик министерот за животна средина Јани Макрадули во тек е менувањето на нивните извори на енергија.
Според Макрадули во 45 објекти во државата децата нема да бидат загадени поради тоа што е променет изворот на енергија. Тој вели дека во 38 објекти годинава ќе бидат 38 прочистувачи.

Денешната пред-конференција на заменикот министер беше прекината од неколку еко активисти кои порачаа дека бизнисмените се богатат, а граѓаните се трујат.
Податоците на здруженијата покажуваат дека 16 термоелектрани на Балканот загадуваат исто колку и 250 електрани во Европа.
Годишно во Европа 400.000 луѓе прерано умираат како последица на аерозагадубањето.
Даниел Василев
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Официјална посета на Руте во земјава
-

Преглед на вестите од светот
-

Како ќе се враќаат Македонците од Блискиот Исток?
-

Владата ќе прогласи кризна состојба, ако ескалираат случувањата на Блискиот Исток
-

Владата да прогласи кризна состојба во Струга поради загадената вода за пиење
-

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте во официјална посета на Македонија
-

Тројцата полициски службеници обвинети за работењето на кочанската дискотека не се чувствуваат виновни
-

Од годинава три типа матура, гимназијалците на државна, стручните со право на избор
