Спремете ги свеќите - Еве кои скопски населби и села утре ќе останат без струја
Дел од корисниците од улиците „Париска“ и „Варшавска“ во општина Карпош, утре од 6.30 до 15.30 часот ќе останат без струја.
Во периодот од 8.30 до 10 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата „Гемиџиска“ во општина Гази Баба, а од 9 до 11 часот корисниците од улицата „Македонска војска“ бр. 38 во општина Ѓорче Петров.
Од 9 до 12 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Киро Крстевски“ бр.34 а и 34 б во општина Кисела Вода, а од 9 до 13 часот дел од корисниците од селото Матка и резерватот „Јасен“.
Корисниците од село Кучково, општина Ѓорче Петров ќе бидат без струја од 9 до 15 часот, а од 10 до 12 часот дел од корисниците од Средно Водно, врвот на Водно – Милениумски крст, жичарницата, Македонското село, дел од корисниците од село Крушопек, сите улици во Горно Нерези и општина Карпош.
Во периодот од 17 до 19 часот утре без струја ќе бидат корисниците од улицата „Студеничанска“ во општина Кисела Вода.
Како што информира РЦУК – Скопје, прекините се поради инвестиции во електросистемот.
Ново на Сител
-
Модриќ потпиша за Милан
-
На 36 години почина македонскиот гитарист и професор Кристијан Волчев
-
Возел 197 на место каде дозволено е 80, приведен 29 годишен битолчанец
-
Страшни поплави низ Њујорк, во Њу Џерси прогласена вонредна состојба
-
Работна посета на министерот Муцунски на Обединетото Кралство
-
Претрес во Радовиш, пронајдена дрога
-
Потпишување на грант-договор со ЕБРД
-
Електронско пријавување за сместување во студентските домови од денеска до 31 јули