Спречен шверц на 2,7 килограми златен накит од Турција

Цариниците открија 2,7 килограми златен накит и монети во турски автобус кој сообраќал на линијата Истанбул-Гостивар. Во Македонија влегол преку граничниот премин Богородица.
Како што соопшти Царинската управа, изутрината за рутинска контрола на патниот превец Велес – Скопје, мобилен царински тим сопре автобус со турски регистарски ознаки кој сообраќал на редовна линија Истанбул – Гостивар. Заради немање услови за спроведување детален преглед, автобусот е испратен во царинска испостава Скопје 4. При прегледот во багажниот простор на автобусот, во средината меѓу предните тркала е откриен специјално изработен бункер за криумчарење стока од каде се извадени 20 опаковки – најлонски ќеси обвиткани со селотејп трака. Во нив се најдени 463 парчиња златен накит (алки, привезоци, ланчиња), 265 пара златни обетки и 40 златни монети. Вкупната тежина на пронајденото злато е 2,7 кг.
Златото било на македонски државјанин од Тетово кој во автобусот вршел должност на водич.
Случајот е предаден на Одделението за истраги кои во моментов вршат распит.
Против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „криумчарење” до надлежното јавно обвинителство.
Ова е втор спречен обид за шверц на злато овој месец. На 18 ноември, во турски автобус беа пронајдени 1,5 кг злато.
Ново на Сител
-

Нема одложување на второто полугодие – учениците се враќаат на настава во вторник
-

Мјузикал „Као какао“ инспириран од музиката на Влатко Стефановски - премиерата во мај
-

Преглед на вестите од светот
-

Приведени повеќе лица во акција за даночни измами
-

Премиерот Мицкоски во посета на Кратово
-

СДСМ: Владата го загрозува партнерството со САД и ЕУ
-

Охрид подготвен за Водици
-

Штипското ЈП „Исар“ годишно губи 2,5 милиони евра од загуби на вода
