Македонија
6. May 2020 - 14:07

Спречен обид за кражба од страна на СВР Скопје за време на полицискиот час

На 06.05.2020 во 02.00 часот на ул.„Костурски херои“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје, за време на забраната за движење, ги лишиле од слобода Р.С.(37) и Д.Р.(36), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „тешка кражба“ и прекршок по член 80 од Законот за оружје. Притоа, кај истите биле пронајдени разни предмети за кои постои основано сомнение дека потекнуваат од кривичното дело и нож.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.