-->
-->
Спречен нов пожар на градската депонија во Македонска Каменица
-->

Брзата интервенција на Територијалната противпожарна единица спречи ширење на пожарот што повторно избувна на депонијата во Македонска Каменица.
Командирот на Територијалната противпожарна единица од Македонска Каменица Малин Трајчевски информира дека веднаш по добиениот повик нивните екипи излегле на терен и ја почнале акцијата за гаснење на пожарот.
– Пожарот според нашите сознанија е предизвикан намерно од непознато лице. Ние со нашата противпожарна екипа интервениравме со едно противпожарно возило, а во неговото гаснење беше вклучена и механизација од Јавното претпријатие „Камена Река“ со што со заеднички напори не дозволивме пожарот да се прошири. Случајот е пријавен во полиција, се надеваме дека сторителот ќе биде пронајден, изјави Трајчевски.
Додаде дека ова е втор посериозен случај за намерно палење на депонијата во Македонска Каменица.
И во претходниот случај успешната интервенцијата на екипите на Територијалната противпожарна единица Македонска Каменица и вработените во ЈП „Камена Река“ спречија сериозен пожар што можеше да има катастрофални последици.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Папата Лав XIV му одговори на Трамп: Не се плашам, мојата мисија е мирот
-

Туск: Европа не е осудена на авторитаризам по изборите во Унгарија
-

Прилепчанец со над три промили алкохол во крвта возел во Неготино, задржан во полициска стани
-

Едно лице загина во руски напад за време на велигденското примирје меѓу Украина и Русија
-

Филипче: ВМРО останува без својот единствен сојузник во ЕУ
-

Ирански функционер му се потсмева на Трамп поради растот на цените на нафтата
-

Иран: Американските мерки во Ормуска Теснина се „пиратство“
-

Нема подолги задржувања на граничните премини од македонска страна
