Спречен напад во Москва

Федералната служба за безбедност (ФСБ) на Русија притвори двајца имигранти од Централна Азија, кои утре подготвувале да извршат терористички напад во Москва и Московската област, соопшти Центарот за односи со јавност на ФСБ.
- Еден од приведените, во пресрет на Денот на знаењето (1 септември) на интернет објави видео порака до членовите на терористичката организација Исламска држава, во која дава т.н. заклетва за верност на терористите. Во неговиот телефон се пронајдени контакти со регрути од оваа организација и упатства за планираното злосторство, се наведува во соопштението.
Еден од терористите планирал да се разнесе со експлозив, а другиот да нападне луѓе со помош на ладно оружје.
Во Русија утре почнува училиштата година и по тој повод се одржуваат свечени прослави.
Ново на Сител
-

Нема нови потврдени случаи на западно-нилска треска
-

Протест во Крупиште
-

Охрид пулсира 24 часа
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Розалија Секулоска, психолог
-

Пукање во воздух со пиштоли на прослава во Гостивар
-

Скопјани на удар од западно-нилска треска – нови сомнителни на Инфективна
-

Гостивар во очекување на вода за пиење
