Спортски настан за промоција на физичка активност и здрави навики кај децата во кабинетот на претседателката

Во Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе се одржи спортски настан за реализација на заложбата за развој и имплементација на национален модел за промоција на физичка активност и здрави навики кај децата.
Иницијативата којашто е во организација на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, а поддржана од претседателката Сиљановска-Давкова, има за цел да развие, имплементира и евалуира национален модел за промоција на физичка активност, здрави навики и ментално здравје кај децата од 6 до 14 години, врз основа на постојните национални податоци за физичкиот фитнес и нутритивниот статус.
На настанот на којшто ќе учествуваат околу 150 деца од предучилишна возраст, основно и средно образование, предвидени се обраќања на претседателката Сиљановска-Давкова и на деканот на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, Влатко Неделковски.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски: Пратениците да се консултираат со уставни експерти пред да се носат измените за укинување на двојното државјанство
-

Предлогот за укинување на техничката влада помина на Собраниска комисија, Филипче со ултиматум до власта
-

Тема на денот со Христијан Мицкоски, премиер
-

Преглед на вестите од светот
-

Мухамед Сејдини приведен за проневера и злоупотреби
-

Второ одложување на судењето за сообраќајката во која загина Јорго Ќука
-

СДСМ со ултиматум за техничката влада
-

Ниту плата ниту мерки на ЕСС во Влада
