Спортската сала во Охрид ќе биде регионален центар за вакцинација
Во Спортската сала „Билјанини извори“ се вршат поготовки за нејзино ставање во функција на регионален центар за вакцинација, по примерот на салата „Борис Трајковски“ во Скопје.
За таа намена салата е целосно испразнета од реквизити, ослободен е просторот, исчистени се капацитетите, а откажани се и сите натпреварувања, подготовки на спортисти, тренинзи. Ќе се изврши и дезинфекција на целиот објект, како и на влезовите и паркинг-просторот пред салата.
Според најавите, од понеделник треба да пристигнат и параваните за физичко одвојување на лицата при вакцинацијата, а за секоја непречено одвивање на процесот на вакцинација на населението СРЦ „Билјанини извори“ има нарачано и нов агрегат за електрична енергија.
Според последните информации, во Центарот за јавно здравје во Охрид веќе е пристигната и ладилната комора за чување на вакцините.
Во спортската сала во Охрид како регионален центар за вакцинација ќе се спроведува масовна имунизација на населението од општините Охрид, Струга, Вевчани, Дебар, Ресен и Кичево.
Ново на Сител
-

Индустријата бележи раст, но рударството останува најслабата алка
-

Преглед на вестите од светот
-

Пред стартот на гроздоберот, лозарите веќе стравуваат од слаба заработка
-

Неопходни се поригорозни казни за несовесните граѓани
-

Народниот правобранител оформи предмет за водата во Гостивар
-

Филипче бара истрага за нападот во Ново Село
-

Државната матура со просечна оцена 3,66 – скоро идентична како ланската
-

Многу течности и хидрирање на телото на пеколните горештини
