Фудбал
3. March 2018 - 9:02

Спортинг и Ристовски поразени во шампионското дерби

Голема битка за шампионскиот трофеј се води во Португалија а се чини решавачкиот меч го доби Порто и тоа против директниот конкурент Спортинг со 2-1 со што сега има комотни 8 бода предност пред Спортинг и Бенфика на врвот од табелата.  Лисабонските „лавови" за кои стартер беше и нашиот репрезентативец Стефан Ристовски повторно во кус рок загубија од големиот ривал со еден гол разлика.

Ристовски играше до 68. минута и беше заменет при резултат 2:1 за Порто, а одигра сосема коректно. Маркано и Брахими со по еден погодок му донесоа триумф на домаќинот.
Ристовски и соиграчите сега се во полоша позиција и од Бенфика, којан има ист број на бодови 59, но и меч помалку.