У19: Македонската репрезентација поразена од фаворитот Германија
Македонската фудбалска репрезентација до 19 години загуби попладнево од фаворитот Германија со 3-1 (0-0), но и покрај очекуваниот пораз остан во игра за место во елитната фаза од квалификациите за пласман на ЕУРО 2024.
Избраниците на селекторот Тони Јакимоски беа резултатски рамноправен противник на дуелот во полскиот град Будгожч до 57. минута, кога Германија дојде во водство со голот на Џенан Пејчиновиќ.
Македонката репрезентација го израмни резултатот преку Мартин Ѓорѓиевски во 63 минута, по што уследија два гола на Том Бишоф во 67. и 75. минута за конечен триумф на Германците.
Претходно денеска во рамки на второто коло во квалификациската група 5, домаќинот Полска го совлада Казахстан со 3-0.
По воведните две кола, македонските фудбалери се на второто место со три бодови по триумфот во средата над Полска (2-0) и за сигурен пласман во пролетната елитна рунда во евроквалификациите ќе им биде потребна победа во вторник над последнопласираниот Казахстан.
Пласман во елитната квалификациска фаза ќе обезбедат двете најдобро пласирани селекции од 13-те групи, како и најдобрата третопласирана репрезентација.
Домаќин на Европското првенство до 19 години, кое од 15 до 28 јули ќе се одржи идната година, ќе биде Северна Ирска.
Ново на Сител
-
Од денеска помалку метеж на „Табановце“, стартува системот One Stop за интегрирана гранична контрола
-
Претставување на невестата и зетот на годинашната Галичка свадба
-
Сончево и многу топло, температурата до 40 степени
-
Поради штрајкот на француските контролори на летање откажани повеќе од 1.500 летови
-
ФК Силекс со бесплатен превоз и карти за натпреварот со ФК Дечиќ
-
СПM: Се заострува негаторската политика кон македонскиот идентитет и јазик
-
Путин и Трамп разговараа за Украина и историските врски меѓу Русија и САД
-
Уапсен мотоциклистот кој избега откако усмрти скопјанец на кеј