-->
-->
Пиоли: Борусија нема пораз на домашен терен во ЛШ речиси две години, Милан има тежок натпревар
-->
Тренерот на Милан, Стефано Пиоли го коментираше претстојниот натпревар на тимот со Борусија Дортмунд во 2. коло од групната фаза на Лигата на шампионите.
- Тоа дефинитивно ќе биде важен натпревар од турнирски аспект. Но, по ова остануваат уште четири кола, па сите четири селекции се уште ќе имаат надеж за пласман од групата. Натпреварот нема да биде решавачки, но ќе биде важен. Борусија нема пораз на домашен терен во Лигата на шампионите речиси две години, па знаеме каков тежок натпревар ни претстои, изјави Пиоли за сајтот на УЕФА.
Натпреварот ќе се одигра вечер од 21 часот на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.
Во првото коло, Милан одигра нерешено дома со Њукасл, додека Борусија загуби на гостувањето кај Пари Сен-Жермен.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Собраниска расправа за ребалансот, поднесени над 200 амандмани
-
Во Кичево ќе се гради нов Клинички центар
-
Неправилности во здравството можат да се пријават на веб страницата на министерството
-
АХВ го демантира градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов
-
Разговор со Маријана Милевска, проектна менаџерка во програмата за Обединетите нации
-
Почна расправата за ребалансот на Буџетот
-
Мицкоски: Се бориме да го вратиме тоа што го продаде опозцијата
-
Бизнис форум Македонија - Италија