Фудбал
6. November 2023 - 8:08

МВП Димитриевски и Рајо освоија бод на „Сантијаго Бернабеу“

Столе Димитиревски и Рајо Ваљекано го сопреа Реал на „Сантијаго Бернабеу“. Во претпоследниот натпревар од 11.коло во Примера, Реал и Рајо Ваљекано одиграа 0:0. Македонскиот репрезентативец Димитиревски беше прогласен за играч на натпреварот.

Рајо Ваљекано на „Сантијаго Бернабеу“ стигна до клупски рекорд. Вечерашниот натпревар беше осми во низа на кој клубот од Мадрид остана непоразен што е нов клупски рекорд.

До бод на „Бернабеу“, Рајо Ваљекано го предводеше Димитиревски кој имаше неколку одлични интервенции.