Кејн: Сакам Тотенхем да успее, никогаш нема да жалам што се преселив во Баерн
Хари Кејн ќе биде среќен доколку Тотенхем освои шампионска и покрај тоа што го напушти клубот. Напаѓачот, кој летово потпиша за Баерн, одговори на прашањето дали би зажалил доколку Тотенхем ја освои Премиер лигата.
- Во текот на мојата кариера јасно ставив до знаење дека сум навивач на Тотенхем и би сакал да го видам Тотенхем како успева. Нема друг тим во Премиер лигата освен Тотенхем што посакувам да го освои шампионатот. Ако се пензионирав на 40 и погледнав наназад и сфатив дека никогаш не сум играл во друга лига [освен Премиер лигата], секогаш би се прашувал како е. Па сега сум тука во Баерн, возбуден сум. И никогаш нема да зажалам за оваа одлука, изјави Кејн.
Англичанецот и покрај тоа што е еден од најдобрите фудбалери на светот, се уште нема освоено ниту еден трофеј во кариерата.
Ново на Сител
-

Родовата еднаковст како европски стандард
-

Електронски ќе се вадат потврдите за царински долг
-

Странските студенти на УГД го менуваат фокусот, информатика пред медицина
-

Подготовки за Свети Никола во Прилеп
-

Преглед на вестите од светот
-

Новогодишна елка ќе има, плоштадот ќе се украсува од понеделник
-

Вработените во министерството за економија и ДПИ не сметаат дека придонеле да се запали „Пулс”
-

Тема на денот со Трпе Стојановски, експерт за миграции
