Изов го објави списокот на фудбалерки за дуелот со Бугарија
Селекторот на македонската женска фудбалска репрезентација, Кирил Изов, денес го објави списокот на кандидатки за настап на натпреварот со Бугарија.
На списокот на Изов се наоѓаат:
голманки: Викторија Панчурова (Тиверија), Берна Кабакчи (Карсон У, Америка), Магдалена Лекоска (Љуботен);
одбрана: Ана Милчевска (Самгрело, Грузија), Сара Коларовска (Скопје 2014), Кристина Мојсоска (Асс Јунајтед), Едина Сулејмани (Асс Јунајтед), Бојана Петкова (Љуботен), Павлинка Николовска (Љуботен), Катерина Милеска (Цевитана), Сара Ефтинџиоска (Цевитана);
среден ред: Наташа Андонова (Леванте, Шпанија), Ленче Андреевска (Каменица Саса), Александра Марковска (Љуботен), Елма Шемсовиќ (Скопје), Радица Велкова (Тиверија), Хава Мустафа (Шкендија), Оливера Цоклеска (Асс Јунајтед);
напад: Афродита Салихи (Скопје 2014), Рабија Дервиши (Скопје 2014), Јилза Максути (Асс Јунајтед), Александра Јовановска (Истатов);
Натпреварот со Бугарија за македонските фудбалерки е прв во циклусот на натпревари во рамките групата 5 од Лигата на нации. Средбата е закажана за 22 септември, на тренинг центарот „Петар Милошевски", со почеток во 15 часот.
Ново на Сител
-
Новите 352 пожарникари потпишаа договори
-
Тема на денот со Петар Богојески, Македонски концепт
-
Битката за Чаир клучна на локалните избори
-
Осуда од ВЛЕН за навивачките скандирања
-
Манасков: Брутална партизација на образованието пред избори
-
Петрушевски: Обвинителот Коцевски служи на СДСМ, наместо на народот
-
Громорозно убиство во Штип
-
Екс директорот на Геријатрија обвинет за земање поткуп, седна во судница