-->
-->
Чави по ремито со Мајорка: Барселона загуби бодови поради две еклатантни грешки
-->
Тренерот на Барселона, Чави го критикуваше тимот грешките во одбраната на синоќешното гостување во Палма де Мајорка.
Каталонците одиграа 2:2 со Мајорка и освоија само бод, иако важеа за големи фаворити.
– Проблемот е што противникот поведе по нашата грешка. Само што почнавме да го играме нашиот најдобар фудбал, имаше уште една грешка во одбраната. Вакви грешки не треба да се случуваат, особено на вакви натпревари. Имавме чисти шанси, а примивме два гола по наши очигледни грешки. Не победивме поради грешки. Треба да ја подобриме нашата дефанзивна игра. Минатата година во одбрана бевме многу силни, изјави Чави.
Барселона по седум натпревари во Ла Лига има 17 бодови и во моментов е на првото место.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ утврди кандидати за градоначалници за претстојните локални избори
-
Тема на денот со Моника Зајкова, претседателка на ЛДП
-
34 лица обвинети за пожарот во кочанската дискотека
-
СДСМ ја поздравува проширената истрага но смета дека е задоцнета
-
Македонија и Унгарија потпишаа договор за стратешка соработка
-
Претседателката: Не е проблем да разговарам со премиерот Жељасков
-
Правда финализираше пет закони од Реформската агеда
-
СЗДСМ - или современи помагала или лицата со дијабет ќе излезат на протест