-->
-->
Барселона во новиот договор на Јамал одреди милијарда евра обесштетување
-->
Крилниот напаѓач на Барселона, Ламин Јамал, во новиот договор со клубот ќе содржи ослободителна клаузула од една милијарда евра, пренесува инсајдерот Фабрицио Романо.
Според новинарот Романо, официјалното објавување на новиот договор се очекува во текот на денешниот ден.
Договорот со 16-годишниот фудбалер е со важност до јуни 2026 година.
Шеснаесетгодишниот Јамал потекнува од фудбалската школа на Барселона. Неговиот актуелен договор истекува во летото 2024 година.
Во сезоната 2023/24, Шпанецот учествуваше на девет натпревари, на кои имаше две асистенции.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ангелов: ДЗС и ЦУК ќе станат една институција по локалните избори
-
Студентски протести во Србија во повеќе од 30 градови, се бара распишување предвремени избори
-
Лишени од слобода двајца турски државјани, пронајдена дрога и куршуми
-
Кац: И наредив на армијата да напредува во Појасот Газа без оглед на преговорите
-
Втора рунда директни преговори помеѓу Украина и Русија
-
Франција поради пренатрупаност на своите капацитети размислува за изнајмување затвори во Источна Европа
-
Во Велика Британија за еден ден преку Ла Манш пристигнале 1.194 мигранти
-
Водата во Скопје е санитарно исправна и може да се употребува, соопшти Водовод по интервенцијата во дел од градот