Според две анкети - Британците сакаат да ја напуштат ЕУ

Британците ќе гласаат за излегување на државата од Европската унија на претстојниот референдум на 23 јуни, според резултати од две анкети.
Првата анкета на ЈуГов објавена во Тајмс, нагласува предност од седум отсто на приврзаниците на Брегзит. Според резултатите, 46 отсто ќе гласаат за излегување на Британија од ЕУ, а 39 – против.
Друга анкета на Институтот Оу-Ар-Би за Дејли телеграф наведува – 49 отсто од Британците сакаат државата да излезе од ЕУ, против се 48 отсто, однесно само еден процент помалку.
Британскиот весник со најголем тираж – Сан, ја поддржа кампањата за излегување на државата од ЕУ. – Тоа е нашата последна шанса да се оттргнеме од недемократската машина во Брисел, наведува таблоидот кој е сопственост на медискиот магнат Руперт Мардок.
Ново на Сител
-

Ново видео со врсничко насилство
-

Запален автомобилот на обвинетиот судија Ѓоко Ристов
-

Градежно вештачење за „Пулс“, безбедноста целосно игнорирана
-

Драстично поскапува дизелот
-

Граѓаните пријавиле доход од речиси 10 милијарди евра остварен лани
-

Реконструкција на касарната Ќојлија
-

Основана Кинеско-македонската стопанска комора
-

Владината реконструкција на дневен ред во Собранието
