СПМ: Запирањето на патот на Македонија кон Европа е заслуга на СДС и ДУИ односно на Заев и Османи

Социјалистичката партија на Македонија оценува дека повторно се случи нов срамен настап на Бујар Османи кој упорно се обидува да ја убеди македонската јавност дека Грција го исполнила Преспанскиот договор, а Македонија не.
Овој залутан хирург, кој очигледно е недоволно подготвен за надворешната политика, до последниот ден злобно работи против својата држава.
Османи сфаќа дека народот не го прифаќа Преспанскиот договор кој е предавнички за Македонија и македонскиот народ но и натаму упорно лаже дека со тоа се остварува евроатланската перспектива.
Ретроградните и поразителни политики на Бујар Османи ќе бидат запаметени како не треба да се работи за Македонија, а тој упорно работеше и работи за други држави и интереси на штета на македонските.
и нивните криминални и коруптивни предавнички политики во земјата и подреденоста кон соседите.
Социјалистичката партија на Македонија оценува дека Заев и Османи се трговците со Македонските идентитетски прашања кои мора да одговараат за велепредавства и да ги сносат штетите.
Ново на Сител
-

Модуларната болница во Штип, подготвена за прием на пациенти од „Мој термин“
-

Синдикална кошница: декември поскап од ноември, најмногу пари одат за храна
-

Гостите од соседството најбројни
-

Експертска оценка на економијата 2025 - пораст на вработеноста и континуиран раст на просечната плата
-

Преглед на вестите од светот
-

EСМ бара прогласување на кризна состојба на пазарот со струја
-

Прилеп традиционално го одбележа својот патрон празник Свети Никола
-

Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
