СПМ: Со нескриена радост ја примивме историската вест за прифаќањето и признавањето на МПЦ-ОА
Социјалистичката партија на Македонија испрати честитка по повод приемот на нашата Црква во канонското единство и признавањето на афтокефалниот статус на Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија.
-Со нескриена радост на денот на Светите браќа Кирил и Методиј ја примивме историската вест за благословувањето, прифаќањето и признавањето на автокефалниот статус на древната Македонска Православна Црква-Охридска Ариепископија.
По одлуката на Вселенската Патријаршија за прием на нашата древна Црква во канонско единство со останатите помесни Цркви, сослушувајќи ги молитвите, желбата и барањето на македонските православни христијани одлуката на Светиот архиејски Сабор на Српската Православна Црква за добивање на автокефалност на нашата света Македонска Православна Црква-Охридска Архиепископија претставува чин за восхит, почит и израз на искрено христијанско братољубие.
Овој ден го славиме заедно со сите православни христијани во Македонија, преку единството на Светиот Синод на МПЦ-ОА, како пример и начин на кој е потребен во заедништвото на сите нас во Република Македонија.
Упатувам искрени честитки до г.г. Стефан, поглаварот на МПЦ-ОА, Архиепископ охридски и македонски, Митрополит скопски и на Јустинијана Прва и до целото свештенство за покажаната силна волја, трппение и достоинство во грижата и сочувувањето на македонскиот народ.
На многаја љета да ни е овој радосен ден за паметење!
Социјалистичка партија на Македонија
Ново на Сител
-
Зеленски го потпиша законот за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација
-
Онлајн работа за младите со европски плати | Јанг стори со Мими | Sitel Podcast 034
-
Бангладеш: Во удари од гром загинаа 74 луѓе за 38 дена
-
Рама в недела ќе одржи собир во Атина
-
Протести во Малме против учеството на израелскиот претставник на Евровизија
-
Турција ја одложи забраната за трговија со Израел
-
Гостиварчанец измамен за 1.500 евра - сторителот е приведен
-
Скопјанка прскала со вода по луѓе кои правеле врева - ја нападнале со лименки