Македонија
30. July 2023 - 16:51

СПМ: Писмените оставки на министрите од ДУИ се ефтин трик и провиден чин со кој повторно си поигруваат со граѓаните

Социјалистичката партија на Македонија поднесувањето на писмените оставки на министрите и владините функционери од Демократската унија за интеграција го смета за ефтин трик и провиден чин со кој повторно си поигруваат со граѓаните, поскаувајќи да ја заведат македонската јавност. Дотолку повеќе што оставките се условени со гласање на уставните измени од страна на опозициските пратеници, имајќи го во предвид принципиелниот став на Коалицијата „Обнова на Македонија“ за исклучување на било какви измени на Уставот.

Социјалистичката партија на Македонија напоменува дека е добро оставките да бидат безусловни и неотповикливи веднаш и без било какво условување за изјаснување на опозицијата. Менувањето на Уставот на Република Македонија неможе да соддржи мерканилни елементи на спогодување и пазарање со националините интереси на македонскиот народ и македонската држава. Оттаму сметаме дека понудените оставки повеќе се резултат на немоќ во круговите на партиите на власта и собирање на политички поени во пресрет на неминовното одржување на вонредните парламентарни избори.

Република Македонија се наоѓа во длабока политичка криза која се повеќе е оптеретена и со уставна криза. Затоа единственото излезно решение се вонрердните парламентарни избори, а не политичкиот циркуз.

Социјалистичката партија на Македонија бара, наместо сепаратни оставки, итно поднесување неотповиклива оставка од целата Влада на Република Македонија како единствен чин на логично политичко и трезвено размислување.

Социјалистичката партија на Македонија