СПМ: Отварање на рудници за бакар и злато во Струмичката котлина е колонијален однос на власта и срамна експлотација на народното богатство

Социјалистичката партија на Македонија оценува дека спојувањето на концесии за отварање на рудникот Иловица-Штука Владата го прави спротивно на законите за минерални суровини и за заштита на животната средина.
Отварање на рудници за бакар и злато во Струмичката котлина е колонијален однос на власта и срамна експлотација на народот и народното богатство. СДС поддржувајќи ги интересите на олигарсите на ДУИ работи на штета на македонскиот народ и на идните генерации.
СДС и ДИУ заеднички бесрамно ја уништуваат животната средина на територија со население кое егзистира од својата земја. Со политичко влијание врз судството, со заплашување на народот и со лажни аргументи нечистиот капитал сакаат да го всадат и да ја загадат македонската почва.
Дополнителна тежина врз целиот случај е несватливата постапка на министерот за економија Бектеши кој ја измамил Владата со тврдење дека Управен суд донел одлука за спојување на концесиите за ископ на бакар и злато на „Еуромакс ресоурсис“ во Струмичко.
Ова е ново понижување и голем срам за Владата и потврда за нејзината нефунционалност. Потврда за нејзиното обезглавено функционирање темелено на лаги и измами и кон граѓаните, но и внатре во нејзините редови.
Оттаму укажуваме дека за оваа постапка против ресорниот министер за економија потребно е да следи одговорност согласно Кривичниот законик член 247 за стотено дело измама.
Без оглед на развојот на ситуацијата и дообјаснувањата Социјалистичката партија на Македонија во целост го разбира и го поддржува револтот на граѓаните и незадоволството од уништувањето на најплодната почва во интерес на капиталот и профитот, а на штета на здравјето, животот и егзистенцијата на народот. Власта мора да го спречи отварањето на овие рудници на смртта.
Владата на Ковачевски заедно со министрите од блокот на ДУИ со манипулација и со притисок се борат против својот народ само да останат подолго на власт за да крадат и да се богатат.
Социјалистичката партија на Македонија истакнува дека јасно се гледа и докажува коруптивноста на овој однос на колонијално владеење на СДС и на ДУИ.
Затоа макеодонскиот народ мора да се крене за да ги истера овие колонијалисти и корумпирани крадци за секогаш.
Докoлку некому сеуште не му е јасно ова е уште еден пример зошто изборите се неопходни, веднаш и без одлагање.
Ново на Сител
-

Koшта ги пофали реформите, но порача дека уставните измени се единствен начин за започнување на преговорите
-

Со законски измени ќе се бришат невработените, кои работат на црно
-

Тема на денот со Никола Димитров, поранешен министер за надворешни работи и потписник на Преспанскиот договор
-

Кошта во Скопје
-

Кошта доаѓа во Скопје
-

Средба Сиљановска-Пелегрини
-

Муртезани: Тврдам дека и во следниот извештај Македонија ќе биде прва земја од ЗБ по однос на спроведени реформи
-

Пендаровски потврди дека имало различни идеи за уставни измени со помош на меѓународната заедница
