Македонија
19. May 2023 - 21:11

СПМ: Oпаѓа поддршката на граѓаните кон евоинтеграцијата кога самиот премиер не знае што е приоритет

Социјалистичката партија на Македонија ја оценува изјавата на премиерот Ковачевски, доколку не се усвојат уставните амнадмани дека тој нема да поднесе оставка, како несериозна и неодговорнс, со што уште еднаш го пока вистинското лице на загубен човек, алчен за власт и пари.

Самиот премиер Ковачевски потврди дека членството во Унијата за него не претставува приоритет туку само власта и по цена државата да застане и да не се развива. За него е важно тој да ги ужива привилегиите и да ја корумпира власта дури и со семејните прошетки во странство на сметка на буџетот..

Затоа опаѓа поддршката на граѓаните кон евоинтеграцијата кога самиот премиер не знае што е приоритет.

Напоменуваме дека не е тој со неговите нерационални очекувања дека ќе владее 11 години, туку прв приоритет претставува државата пред сè.

Било кој што е без национално чувство и што работи на штета на сопствената држава не може да биде прифатен од народот и како Ковачевски ќе биде оценет како најлош премиер во македонската историја.

Премиерот Ковачевски бара од опозицијата да се согласи за бугаризација на Македонија со измените на Уставот. Тој, неразумно и прилично небулозно за еден политичар на највисока позиција, предлага дел од опозицијата да го поддржи, доколку не сака целата опозиција, вулгарно сведувајќи ја таа желба како на задоволување на личните потреби. Срамно за немоќен политичар кој манипулира на најприземен начин и со себе, со неговите сопартијци и коалициони партнери, но и со целата македонска јавност.

Пропаста кон која владата на чело со Амети, Груби и Османи ја водат државата ја согледуваат сите освен Ковачевски кому не му дозволуваат ниту да си поднесе оставка.

За сите криминали, газење и непочитување на собраниските декларации за македонските "црвени линии" и национални отстапки власта на ДУИ и СДС треба и ќе одговара.

Социјалистичката партија на Македонија предупредува на закочувањето на евроинтегративниот процес на Република Македонија што е последица на фијаското во надворешната политика на нелегитимната власт. Таа иднината на македонските евроинтеграции ги подреди на исполнување на неразумно прифатените обврски, со диктат наметнати од бугарската страна, а кои се одбиени од огромен дел на македонскиот народ и од свесната и национално достоинствена македонска опозицијата, за што власта беше предупредена уште минатата година.

Како резултат на пропаѓањето на планот на власта единственото излезно решение е оставка на Владата и одржување на итни вонредни парламентарни избори.

Социјалистичката партија на Македонија, слушајќи го гласот на народот, инсистира на неодложна промена на неспособната и корумпирана антимакедонска власт и избор на нов Парламент и Влада како услов за решавање на премногу важните прашања за иднината на Македонија, за македонскиот народ и сите граѓани.