Спектакуларна наезда од инсекти во едно село во Есон-Франција
Вообичаено, овие мали суштества се претставени како сојузници на градинарите и се добри показатели за квалитетот на животната средина. Но „кога ќе има илјадници во вашиот дом, кога газите десетици од нив кога станувате од кревет, тоа е одвратно и исцрпувачки“, велата за весникот „Паризиен“ Катерина, Никол и Мишел.
„Сличен проблем имавме во текот на летото 2014 година“, велат жителите на Есон, кои доставија барање до градските власти да се справат со наездата. Тие мислат дека доаѓаат од полето зад нивните куќи. До 2014 година, сопственикот на нивата кој ја работеше немавме проблем. Но теренот го смени сопственикот и тој не го работи, резултат на тоа : инвазија од инсекти. „Ова е хорор“, се жалат жителите.
Како што пренесува дописникот на МИА од Париз, оваа везрија на жителите е поддржана од градоначалникот, кој е изненаден од „многу локализираниот“ феномен. „Се чини дека инсектите излегоа кога фармерот ја изора нивата“, објаснува Даниел Дилиман, помошник градоначалник за животна средина.
„Јас контактирав десетици специјализирани организации, за да тие можат да ми кажат за какви инсекти станува збор. Ми беше кажано дека станува најпрво за бубачки, но се чини дека ова е Pseudoophonus rufipes. Бубачки. Јас би сакал да дојдат научници. Експертите ми велат дека се повеќе и повеќе ќе се соочуваме со такви инвазии. Но, јас го разбирам локалното население“.
Во Институот за инсекти и нивната животна средина (Opie), не коментираат за случувањата во за Сан Морис-Монткурон.
„Тоа е типично за нашето време кога луѓето сакаат да живеат во близина на третирани полиња наместо да гледаат инсекти во своите домови, вели вработен во Опи. Овие не се штетници, тие не касаат. Единствената непријатност е мирисот кога тие се згмечени“.
Ново на Сител
-
Телефонски разговор Ципрас-Заев: Ја истакнале важноста на почитувањето на Договорот од Преспа
-
Жената носи живот | Мери Амбросова | Личен развој | Sitel Podcast 036
-
„Паркови и зеленило“: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на владиниот објект
-
„Европскиот фронт“ обвинува за обид преку ДИК да му бидат одземени еден до два пратенички мандати
-
ДИК прифати приговор на коалицијата „Влен“ за избирачкото место во Желино
-
Претепан вработен во казино од три лица на кои им бил забранет влезот
-
На сила го внел во возило и му украл накит и 2.500 евра - Кривична пријава за 40 годишник од Скопје
-
Тепачка во ресторан во Драчево