Специјалното обвинителство за злосторства на ОВК досега сослушало околу 100 луѓе
Претседател на Организацијата на ветерани на поранешната ОВК, Хусни Гуцати, рече дека Специјалното обвинителство за злосторства на ОВК досега сослушало околу 100 лица, јави Бета.
Тој за Радио Слободна Европа изјави дека најголем дел испитаници досега биле цивили, додека помал број биле припадници на поранешната ОВК.
– Досега ни се јавиле околу 100 лица кои беа повикани во Специјалниот суд како сведоци или како осомничени, рече Гуцати.
Специјалниот суд започна со работа во јули 2017 година, со расправи што почнаа во декември минатата година.
Поранешниот премиер Рамуш Харадинај, заменик командант на ОВК Сокол Башота, портпаролот на ОВК Јакуп Красниќи, членовите на Генералштабот и командантите на поранешните оперативни зони на ОВК се меѓу повиканите на суд.
Ново на Сител
-
Сашо Мијалков излегува од затвор
-
Вучиќ пристигна во Њујорк заради гласањето на резолуцијата за Сребреница во ОН
-
Путин назначи нов заменик министер за одбрана
-
Гвардиола: Поблиску сум до заминување, отколку до останување во Сити
-
Утре сончево со умерена облачност, попладне со дожд и грмежи
-
Уапсен е врховниот судија Наке Георгиев поради поткуп
-
Откако не му дале пари, со нож се заканил на својот татко дека ќе го убие
-
Сапунот од кокос - благотворен против комарци