Македонија
15. October 2015 - 13:10

Специјалците чистат во Куманово: Паднаа јатаците на терористите од Диво Насеље

Најмалку петмина се уапсени во полициската акција против лица инволвирани во настаните во Диво Насеље во Куманово.

- Акцијата се спроведува главно во кумановските села Брест, Малино и Отља, изјави портпаролот на МВР, Иво Котевски.

Лицата се осомничени за дејствија поврзани со криминално-терористичката група од кумановската Дива населба, која на 9. и 10 мај годинава се судри со полицијата.

По распитот во полиција предадени во Кривичниот суд во Скопје, и изведени се пред судија за предходна постапка.

Се очекува во текот на денот на прес конференција МВР да даде повеќе детали. 

Во мајската акција против криминално-терористичката група во Дива населба животот го загубија осум полицајци, а тиесетина беа повредени. Во акцијата беа убиени и десет членови на вооружената група, а 30 се предадоа и против нив се води судска постапка.