-->
-->
Спасов:Социјалната помош од денес зголемена за пет проценти
-->
Од денеска на сметките на граѓаните кои примаат социјална помош е исплатено ветеното зголемување од пет проценти. Паричните средства во износ од 59 милиони денари се веќе обезбедени и со ова зголемување досегашното зголемување од 2006 година изнесува 70 проценти.
Ова денска го истакна министериот за труд и социјална политика Диме Спасов при посетата на Кочани и на реновиораниот Центар за социјални работи.
Тој најави дека до крајот на месецот ќе биде исплатена и ветената постојана парична помош со зголемување од пет проценти средства во висина од 17 милиони денари, обезбедени од државниот буџет.
Спасов истакна дека Владата води сметка и за останатите ранливи категории на граѓани, а за пензионерите најави дека во декември со ноемвриската пензија ќе биде исплатено ветеното зголемување на пензиите за пет процнети.
Министерот Спасов при посетата на Кочани направи обиколка на Центарот за социјални равботи кој се реновираше во изминатите месеци како проект на Владата и Министерството.
- Во наредниот период ќе бидат реновирани вкупно 28 објекти во државата, од кои 18 центри за социјална работа и 10 центри за дневен престој на деца со пречки во развојот. За оваа намена ќе бидат искористени средства во износ од 1 милион евра, од кои 800 илјади евра се од Европската унија, изјави Спасов.
Инаку, во Кочани со средства од Владата и Министерството за труд и социјална политика целосно се реновирани Центарот за вработување и Центарот за социјална работа со што и услугите на граѓаните кои ги добиваат во нив се значително подобрени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Истражните органи бараат докази за дивоградби во Чаир, Сарај, Кисела Вода и Аеродром
-
Поради дивоградбите, Ганиу може да ја изгуби поддршката на Вреди за нов мандат
-
Поставен камен темелникот на ветерниот парк Штип, инвестиција од над 500 милиони долари
-
НБРМ ги намали надоместоците за банките, се чека тие да ги спуштат тарифите за граѓаните и фирмите
-
Висок ризик за пожари во цела држава: Како функционира Македонскиот информативен систем за шумски пожари?
-
Одложено судењето за „Адитив“, доцнеше полицискиот спровод на обвинетите
-
Камен темелник на Ветерниот парк во Штип
-
Вреди: Во Струга имаме сигурен кандидат