Македонија
12. October 2018 - 16:41

Спасовски тврди дека 40 полицајци работеле со лажни дипломи

Со фалсификувана диплома за завршено средно се вработил во МВР а потоа зел и факултетска диплома.. Ова е само еден од 40-мината полицајци за кои е утврдено дека не се стекнале со степенот на образование кој го приложиле за да се вработат.. Од Министерството за внатрешни велат дека на сите кои имале фалц дипломи веќе им се поделени откази.. Ќе добијат и кривични пријави, а одговорност се бара и од факултетите кои ги издале дипломите..

Од МВР велат дека еден од вработените со фалсификувана диплома освен што напредувал во полициската кариера, добил и статус на универзитетски професор..

Од полицијата не ги открија училиштата и факултетите кои се потпишале на дипломите со кои 40-мината се вработиле во МВР.. Велат дека дел од овие вработувања се реализирале пред 15-тина години.