Спасовски: Нема „пардон“ – сите се еднакви пред лицето на законот
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски објави на Фејсбук дека сторителот кој го запали Културниот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола е идентификуван и оти станува збор за 34-годишник со иницијали Л.А.
- Со задоволство можам да обзнанам брза и ефективна разрешница на случајот од пред три дена (04.06.2022) со кривично-правниот настан - пожар во центарот „Иван Михајлов“ во Битола, кој е веќе расчистен и имаме приведено лице кое го призна делото.
Се работеше деноноќно да се изнајде сторителот, се земаа предвид сите докази, а по извршените службени разговори во изминатите денови, вчеравечер, со судска наредба, беше извршен претрес на две локации кои ги користи Л.А.(34) од Битола, при што се пронајдени и одземени предмети поврзани со кривичното дело, по што лицето е лишено од слобода.
Уште еднаш покажавме дека единствената моќ што ја има секоја правна држава е моќта да го сузбие криминалот. И во овој сегмент нема „пардон“, нема заштитени лица – сите се еднакви пред лицето на законот, а секој којшто се огрешил - мора да одговара! - пишува Спасовски.
Ново на Сител
-

Три месеци условна казна затвор за родител кој му дозволил на малолетен син да вози тротинет во Велес
-

Приведени возачи од Штип и Охрид, возеле под дејство на алкохол и пронајдена е марихуана
-

Малолетник уби едно дете во напад со нож во училиште во Русија, неколкумина повредени
-

Во Штипскиот затвор починал 40 годишен осуденик
-

Поставени се сите 30 уреди за мерење бучава во Центар
-

Заврши доказната постапка против екс директорот на Шутка - судењето продолжува со завршни зборови
-

МЗ ќе спроведе вонреден инспекциски и стручен надзор за смртта на новороденчето на Клиниката за гинекологија
-

Без вода корисниците од улиците „Вашингтонска“, „Че Гевара“, „Црноок“ и „Бутелски Венец“
