Спасовски: Македонската полиција на висина на задачата
Како пред гробот на великанот Делчев кај црквата „Свети Спас”, така и на граничните премини, македонската полиција на висина на задачата успешно го спроведе овој настан од највисок безбедносен степен - еклатантен пример за тоа како постапува полиција од европски ранг, напиша министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на својот профил на Фејсбук.
Министерот упати честитки за професионализмот и посветеноста од страна на сите организациони единици при МВР за реализираниот оперативен план во делот на одржување на безбедноста при чествувањето на денот на раѓањето на Гоце Делчев.
- Благодарност и до граѓаните, медиумите и медиумските работници кои имаа разбирање и на најпрофесионален начин дадоа свој придонес за навистина достоинствено чествување на великанот Гоце Делчев, напиша Спасовски на својот Фејсбук профил.
Ново на Сител
-

По 28 години пешачење околу светот, Карл Бушби конечно се врати дома
-

Северна Кореја ги отфрла обвинувањата на САД за хакирање на „Бајнанс“
-

Трамп објави дека „е можен“ мировен договор со Иран
-

Средношколци и пратеници во Собранието ќе дебатираат за дезинформациите, социјалните мрежи и влијанието на вештачката интелигенција
-

Министерот Мисајловски ќе информира за покачувањето на платите во Армијата и одбраната
-

Облачно со повремени врнежи од дожд
-

Русија забрани извоз на петрохемиски производи
-

Мицкоски на средба со раководството на „Дојче телеком“: Дигиталната трансформација и технолошкиот развој се стратешки приоритети на Владата
