Спасовски: Безбедносната состојба е стабилна, сѐ што правиме како МВР и како членка на НАТО позитивно влијае врз безбедноста во државата
Безбедносната состојба е стабилна, сѐ што правиме како МВР и како членка на НАТО позитивно влијае врз безбедноста во државата, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Во интервју за „Гласот на Америка", Спасовски нагласува дека безбедносни служби и агенции во земјава преземаат за превенирање какво било нарушување на безбедноста.
-Факт е дека глобалните геополитички случувања, пред сѐ, руската агресија врз Украина, еве сега случувањата во Израел помеѓу Израел и Палестина, меѓутоа и конфликтите, тензиите кои се на северот на Косово, имаат сериозно влијание врз состојбите, претежно во областа на безбедноста. Токму заради тоа, не само МВР, туку генерално и сите безбедносни служби и агенции во рамките на Република Северна Македонија преземаат сѐ на дневна основа за да можеме да ја одржиме состојбата безбедна и стабилна и, секако, согласно на сѐ она што може да има импликации да превенираме какво било нарушување на безбедноста. Во моментот состојбата е стабилна, безбедна, немаме некакви индиции за можно нарушување, истакнува Спасовски.
Според него, активностите што се преземаат на дневна основа, даваат резултати во насока на подобрување на безбедноста.
-Мислам дека активностите кои ги преземаме секојдневно во подобрување на безбедносната состојба, во подобрување на состојбата со криминалитетот - падот на криминалитетот за 11 отсто на ниво на државата во споредба со минатата година истиот период, зголемување на ефикасноста во работење на полицијата - сето тоа се параметри кои покажуваат дека состојбата е на завидно безбедносно ниво. Секако дека тука мора да се цени и она што практично го правиме како земја членка на НАТО Алијансата, тоа секако влијае врз безбедноста во државата, влијае позитивно, затоа што не сме сами, имаме силен сојуз, дел сме од најголмиот воено-политички сојуз, со силни партнери со кои заедно работиме за задржување на нашата, меѓутоа и на регионалната и глобална безбедност, нагласува министерот во интервјуто.
Ново на Сител
-
Извештајот за Македонија утре на втор обид за гласање, Вајц не сака да го коментира исходот предвреме
-
Ново поскапување на дизелот, за една недела поскапе за 7 денари
-
Синдикатот на Клинички против решението на Алиу дел од вработените на клиниките да паркираат надвор од кампусот „Мајка Тереза”
-
СДСМ обвинува за блокада
-
Вреди во Струга со независен кандидат, ДУИ се уште договара широка коалиција
-
Без дебата реформските закони за администрацијата го поминаа првиот собраниски филтер
-
ДОМ ја напушта коалицијата со СДСМ – Најавува формирање на „Коалиција за зелена иднина“
-
Лекарите со препораки за заштита од топлотниот бран