Спасов не е во државата, распишана меѓународна потерница
Полицијата не го пронајде во земјава побегнатиот затвореник Игор Спасов. Неуспешно завршила 24 часовната потрага по Спасов низ државата, па полицијата доцна попладнето распиша меѓународна потерница. Спасов кој е осуден за убиството на Мартин Нешковски, со дозвола од штипскиот суд е на слобода од август лани. Казната му била прекината заради здравствени причини, со препорака за лекување во болницата во Штип.
Прекинот траел до 18 октомври кога Спасов требал да се врати во Идризово. Според судот во Штип, затвореникот имал обврска да приложува документи од лекувањето - тоа требал да го стори и минатиот месец. Од судот во Штип велат дека Спасов во септември не донел документи, а по еден месец не се вратил ниту на издржување на затворската казна.
Тој беше осуден на 14 години затвор. Според објавената потерница, на Спасов му преостануваат уште 7 години и три месеци затвор.
Зоран Јаневски
Ново на Сител
-
Претседателот на Собранието Гаши во Азербејџан се сретна со министрите за енергетика и за надворешни работи
-
Шварценегер: Имигрантите во САД се гости
-
Приведен тетовец, возел со брзина од 156 км на час на место каде дозволената брзина е 80
-
„ЕИУ“: Копенхаген е најдобриот град за живот на светско ниво
-
Путин ќе се обрати пред новинари на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург
-
ФА го обвини судијата Кут поради коментарите за Клоп
-
Предлог-одлука за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници во собраниската Комисија за финансирање и на пленарна седница
-
Осум лица, меѓу кои четири деца евакуирани од Израел