Фудбал
7. April 2018 - 11:59

Спасоносни бодови за Ал Дафра на Хаџиевски

Продолжува успешната мисија на македонскиот тренер Ѓоко Хаџиевски во Ал Дафра,тимот кој се бори за опстанок. Значајни бодови се освоени  кај Хата каде Хаџиевски славеше со 2:1

Нашиот тренер едноставно немаше милост кон својот некогашен тим Хата во шампионатот на ОАЕ. Имено денеска Ал Дафра, тимот на нашиот стратег, со 2:1 ја победи Хата на нејзин терен и ја закова на последното место на табелата, додека АЛ Дафра чекори и тоа сигурно кон опстанокот во Лигата на ОАЕ.