-->
-->
СП2022: Белгија минимално ја совлада Канада
-->
Белгија стартуваше на Светското првенство во Катар со тешко извојувана победа вечерва против Канада од 1-0 (1-0) во рамки на групата Ф.
Канада од самиот почеток наметна висок пресинг на игра и на крајот незаслужено замина со гол негатива на полувреме, откако во првиот дел не реализираше пенал преку Алфонсо Дејвис, а пропушти и уште неколку стопроцентни шанси за погодок.
Казната на спротивната страна дојде во 44 минута кога Белгија преку Мичу Бачуај дојде до водство кое го задржа до крајот на натпреварот за стартна победа во групата пред претстојните дуели против Мароко и Хрватска.
Претходно денеска во рамки на истата група Мароко и Хрватска одиграа без голови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости