-->
-->
СП во Катар дефинитивно ќе се игра на зима
-->

Светското фудбалско првенство во 2022, чиј домаќин во 2022-година ќе биде Катар, дефинитивно ќе се игра во зимскиот период.
ФИФА потврди дека Мундијалот ќе започне на 21 ноември и ќе трае 28 дена.
Ваквата одлука ФИФА веќе ја имаше донесено во март месец со цел да се избегнат пеколните температури кои владеат во оваа земја во периодот јуни-јули.
Пред четири години Катар ја доби организацијата на СП 2022 во конкуренција на Австралија, САД, Ј.Кореја и Јапонија. Тоа беше изненадувачка одлука по која следуваа серија обвинувања за корупција во ФИФА, но “независниот обвинител“ на етичкиот комитет при ФИФА, Ханс Јоаким Екерт, го ослободи Катар од сите обвиненија.
Според програмата финалето на Мундијалот во Катар ќе се игра на 18 декември на денот на националниот празник во Катар.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Клековски: За Михаилова нема постапка за лекување во странство, се врши надзор во нејзината здравствена документација
-

Тема на денот со Сашо Клековски, министер за здравство
-

Синдикалната кошница над 70.000 денари, Ристески: најголем дел од населението зема плата околу просечната
-

Кривична против Јани Макрадули – Штета во Пошта од близу 11 милиони денари
-

Нови 100 амбулантни возила за цела Македонија
-

Нова понуда за професионалните војници – До пензија да останат во АРМ
-

Oдложено рочиштето за Државна лотарија поради отсуство на сведокот на обвинителството
-

Правосуден испит на македонски јазик
