Советување за канцелариско и архивско работење

Советување за „Правна регулатива и техники на канцелариско и архивско работење“ ќе се одржи денеска и утре во Музејот на македонската борба во Скопје, во организација на Државниот архив на Република Македонија.
Во рамки на советувањето ќе бидат презентирани измените во законските и подзаконски акти за канцелариско и архивско работење, техниките на канцелариско и архивско работење, како и надлежностите на Државниот архив во инспекцискиот надзор, а ќе се дискутира и за предизвиците пред кои се наоѓа јавната администрација со користењето на електронските документи.
Советувањето ќе го отвори директорот на Државниот архив Филип Петровски, а како што е најавено, на него ќе учествуваат претставници од државни органи и јавни институции во земјата, иматели на јавен архивски и документарен материјал.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Калиопи, естрадна уметничка
-

85 години од почетокот на НОБ
-

Доделени државните награди „11 Октомври“
-

Суспензија за 6 полицајци за инцидентот во Сарај
-

Граѓаните главно задоволни од квалитетот на живот
-

Дрва, пелети, струја или парно - кое греење зимава ќе биде најевтино?
-

Променливото време аларм за хронично болните
-

Сејф сити од утре во Охрид, Струга, Дебар и Кичево
